Телма ќе им врати брутално и жестоко на Филипче и Караџовски

Директорот и главен уредник на Телма Атанас Кироски јавно вети дека поради навредливиот однос на министерот за здравство и шефот на комисијата за заразни болести тие ќе видат што значи да се има медиум за непријател.

“Со навредливиот, потценувачки и манипулативен однос, кон медиумите и новинарите Караџовски и Филипче единствено што ќе постигнат е да создадат моќни непријатели. Караџовски побара Телма од денеска да кажува дека Ковид 19 -постои, небаре досега сме тврделе дека е измислица. Не знам како не му е срам на годините така жестоко да манипулира. Досега се трудевме да бидеме максимално коректни, со високо почитување на нивната работа. Кога тие не ја почитуваат нашата -јас лично им ветувам дека ќе видат што значи да се има медиум за непријател. Тој арогантен и потценувачки однос на лекарите кон се што нема завршено медицина, а особено, кога тие ќе потфрлат, нема да им помине невозвратен и тоа брутално и жестоко”, пишува во невообичаената реакција директорот на Телма.