Тема: Арбер Адеми

Апсурди на ДУИ: бара предвремени парламентарни избори и, ако би се вратила во владата, да не одговара пред премиерот, туку пред граѓаните?!

Пренесувајќи го ставот на неговата партија ДУИ и нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ), Арбер Адеми со барањето да се одржеле предвремени парламентарни избори поправо се обидува да ги оспори резултатот од ланските парламентарни избори и политичката волја на граѓаните, кои гласале за ВМРО ДПМНЕ и другите партии, што ја сочинуваат сегашната Влада на Република Македонија. „Ќе треба да се одрази вистинската волја на граѓаните во составот на владејачките институции!“ – бара Арбер Адеми во име на ДУИ и НАИ, но дали мисли дека лани не била одразена вистинската волја на граѓаните?! Само затоа што ДУИ не е повеќе на власт, по две децении, би морала да им се исполни незгасливата желба да бидат доживотно во власта, па пак да се оди на парламентарни избори – барања и ставови на ДУИ, кои се далеку од реалноста и нормалната политичка пракса во секоја држава во Европа и светот.

Адеми: Ахмети е во Македонија, се занимава со своите редовни, вообичаени активности!

Медиумите на албански јазик во Македонија веќе прашуваат со иронија во врска со веќе тридневното „исчезнување“ на Али Ахмети по изборниот дебакл на ДУИ и на Национална алијанса за интеграција: „Кај е, бидејќи не се сторил жив“!

To top