Тема: Бугарија обиди за бугаризација на македонскиот народ идентитет јазик и историја

Не може никој Македонецот да го престори Бугарин од „бугарско тесто“, ниту Бугаринот „идентитетски да се стокми“ со крадење македонски белези! (2)

Македонците, македонската историја, идентитет и јазик немаат никаква врска со Бугарите, кои се, спооред најнеутралните и најобјективни научни сознанија, „мешани етнолингвистички луѓе“. Сегашните агресивни обиди да се вметнат „државотворните Бугари“ во највисокиот правно-политички акт на македонската држава се нова индикација дека бугарскиот народ можеби сѐ уште нема свој целосно искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Прилози кон ваквата претпоставка се многубројните научни трудови и студии на највисоки бугарски научници и академици, кои продолжуваат интензивни научни расправи за потеклото и корените на денешната бугарска нација. Светски угледната „Енциклопедија британика“ нагласува: „Бугарите се народ, кој е сѐ уште предмет на академски спор во однос на нивното потекло (турско или индоевропско), како и за нивното влијание врз етничката мешавина и јазикот на денешна Бугарија“. Угледниот австриски историчар д-р Улф Брунбауер изнесува научни аргументи дека во обидите да ги бугаризира македонскиот народ, јазик и историја Софија ја киднапира македонската евроинтеграција со таа агенда, која нема никаква врска со ЕУ!

To top