Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)
Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.