Мицкоски: Криминалната Влада на СДСМ-ДУИ ни остави распадната и ограбена Македонија, но ја направиме подобро место за живеење!
Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти кои што беа започнати и заборавени. Градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме. Продолживме со автопатските секции и продолжуваме со нови, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешното претставување на новите комунални возила за општините.