Од денес возилата задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема
Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.