Тема: Себастијан Лекорни

Лекорну го обновува кабинетот: Дали Франција е пред нова криза?

Француското претседателство во неделата го објави новиот состав на владата предводена од премиерот Себастијан Лекорну, при што клучните позиции останаа главно непроменети, иако опозицијата инсистира на политички промени за да ја добие нивната поддршка за итните буџетски преговори.

Политички домино во Париз: Макрон под притисок по оставката на Лекорну

Премиерот Себастијан Лекорну и неговата влада поднесоа оставка утрово, што ја продлабочи француската политичка и економска криза, потресувајќи ги финансиските пазари и фрлајќи сериозни сомнежи врз способноста на претседателот Емануел Макрон да ја стабилизира земјата.

Новиот француски премиер го повлече планот за намалување на државните празници

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну го повлече контроверзниот план на неговиот претходник Франсоа Бајру за укинување на два државни празници, објавија локалните медиуми.

Ле Пен го повика новоименуваниот премиер Лекорни да „се откаже од макронизмот“

Лидерката на парламентарната група на десничарската партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, синоќа , во интервју за францускиот телевизиски канал TF1, го повика новоназначениот премиер Себастијан Лекорни да се откаже од политиките на „макронизмот“, тврдејќи дека актуелниот режим не ги задоволува потребите на францускиот народ.

To top