Тема: топ

Моторот на економијата – градежништвото, пораснало за 9% во споредба со лани, услугите за 6,1%

Крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми, вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. Рече дека директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

(Видео): Колку македонскиот работник навистина е продуктивен?

Колку навистина македонскиот работник е продуктивен?! За некои да, но за некои не. Но што велат реалните анализи?! Стопанствениците споделија лоши прогнози. Дарко Велков од „Вработување.ком“ рече дека генерациските разлики значително влијаат на продуктивноста во земјата, која според регионалните показатели е меѓу најниските.

Мицкоски: Подготвени сме за разговор со Софија, но јасни се ставот на Владата и црвените линии! Предавства и капитулации нема да се случуваат!

„Пред осум години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме ‘фронт ранери’ (предводници). И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години ќе сме во Европската Унија. Изминаа тие 3-4 години, но кај сме денес? Онаму кај што бевме пред 25 години. Најдобри ќе бидеме, ако го смениме уставот и уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго – најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг (агресивно однесување и насилство) и сака да ја запре Македонија да напредува во Европската Унија. Оваа Влада нема да го дозволи тоа.“ – нагласи премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денес во одговор на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

Минималната плата во март ќе се зголеми за околу 2.000 денари

Нема да има интервентно зголемување на минималната плата под притисок на синдикатите, а нема да има ниту празнични потрошувачки кошници или ад- хок мерки за стабилизација на цените и маржите. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели минималецот ќе порасне во март, но само онолку колку што законски следува, согласно формулата за пресметка.

Позитивни прогнози за економијата в година – раст од 3,8% и пад на инфлацијата на 2,2%

Нови мерки кои имаат за цел да ја поттикнат економијата на земјата, фокусирајќи се на зголемување на инвестициите, создавање на нови работни места и зголемување на платите на вработените. Овие мерки, како што истакна министерот, претставуваат клучен дел од стратегијата на Владата за развој на националната економија и се очекува да обезбедат стабилен раст и нови можности за граѓаните.

Мицкоски: Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода

Духот на единството, достоинството и љубовта кон градот да не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво, порача премиерот

To top