Дурмиши: Дел од трговците ги зголемиле маржите наместо да ги намалат цените
Контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени кај повеќе од 700 производи, покажале значителни отстапувања во формирањето на цените во трговијата на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена изнесувал 2,66 проценти, додека продажните цени во маркетите се зголемиле за 4,56 проценти. Овие податоци ги презентираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет.