Македонката Милена Витанова избодена со нож од сопругот Хако во Пјаченца, Италија! – Го признал убиството и избегал кај гробот на нивниот син!
Педесет и петгодишната Македонка Милена Витанова е пронајдена мртва во својот дом со повеќе убодни рани во италијанскиот град Пјаченца. Според италијанските медиуми, нејзиниот сопруг Хако Витанов во петокот околу 15.30 часот телефонски ѝ признал на полицијата дека ја убил, по што избегал од местото на злосторството.