Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци
Според Ченто, ова не е обичен случај, туку, како што вели, станува збор за основано сомневање дека биле користени незаконити докази, дека се вршел притисок врз сведоци и дека е донесена пресуда врз основа на монтирана постапка. Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд. Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот, кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.