Битолски активисти на оригинален начин го изразија својот протест поради нерешавањето на комуналните проблеми во градот и – конкретно, никаквата улична инфраструктура.

На повеќе од 10 улици се поставени таблички со прекари на улиците, односно имиња по кои ги нарекуваат улиците во изминатите години.

Имињата на улиците се „ВЕТЕНА, а не направена”, „ВЕЛЕЛСЛАЛОМ – полна со дупки кои мора да се избегнуваат“, „ИДНИНА”, потоа „Калосана”, „Тендерска”, „РАСКОПАНА“, „БОЛИВАЧ“, „Езерска – улица на 1.000 езерца”.

„Иако е втор по големина град во Македонија, Битола за жал има уништена локална улична инфраструктура, многу улици во Битола се нереконструирани, раскопани, некои имаат дупки стари и повеќе од 10 години, а некои со децении чекаат на асфалтирање. Целта на акцијата е да се предизвика внимание и локалната власт да ги реши овие проблеми со кои граѓаните на Битола секојдневно се соочуваат“, велат активистите, пренесува  „okno.mk“.