Според прелиминарните податоци на Управата за јавни приходи, од петокот до вчера за време на „викендот без ДДВ’, бил направен промет од само 8,5 милиони евра.

Повратот за граѓаните за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема ќе изнесува нешто над милион евра. 

Овие бројки се многу пониски од проекциите на Владата според кои во викендот без ДДВ требаше да се оствари промет од 170 милиони евра, а граѓаните да добијат назад 17 милиони евра. 

Од УЈП оставаат простор, бројките да се сменат до четврток на полноќ кога истекува рокот за скенирање на сметките од претходниот викенд. 

SHARE