Тенорот што ќе ја интонира химната на Мечкин Камен ќе пее и за Гоце, Даме, Питу, Сандански

Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски во Крушево за Илинден нема да ја заборави строфата од националната химна во која се споменуваат Делчев, Гули, Груев и Сандански.

Груевски кој оваа година ќе ја има честа на манифестацијата “Десет Дена Крушевска Република” да ја интонира државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на “Гумење”, како и на централната прослава на празникот “Илинден” на 2-ри август на “Мечкин Камен”, во разговор за expres.mk уверува дека ништо нема да го спречи да ја испее целата официјална химна.

Младиот активен оперски пејач ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона “The Art of Power”, насловен “Во чест на Тоше Проески”, концерт кој ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во склоп на НКС “Десет Дена Крушевска Република”, со почеток во 20 часот.

Сите настани се во пијано придружба на диригентот и пијанист Андреј Наунов.

Пропуштањето на строфата од националната химна од страна на Тамара на настан во американската амбасада предизвика тензии и многу критики кон пејачката.

SHARE