Тереза ​​Мeј вечерва ќе поднесе оставка!?

Политичката драма во Велика Британија добива нови димензии. Британски пратеник за „Скај њуиз“ изјавил дека британската премиерка Тереза ​​Мeј ќе поднесе оставка.

Информацијата во овој момент не е потврдена, но гласините за тоа се повеќе се шират.

Политичкиот уредник на Би-Би-Си оцени дека ситуацијата е „многу сериозна“.

Наводно и министерот за внатрешни работи побарал средба со Меј, за да го повлече барањето пратениците да одлучат дали да се одржи втор референдум.

Неколку министри, веќе изјавија дека дека нема да го поддржат нејзиниот нов договор за Брегзит.

Се очекува и лидерот на Долниот дом да поднесе оставка, за да може да учествува во битката за лидерската позиција. Другите министри исто така може да поднесат оставка. Се известува дека Дејвид Лиддинг привремено ќе ја преземе земјата.

Има гласини кои не се потврдени, но ниту не ја отфрлаат можноста премиерката Тереза Меј да се обрати од  „Даунинг стрит“.

SHARE