Француската полиција го уапси напаѓачот осомничен за убиство на три лица со нож во Ница. На една жртва – жена ѝ ја отсекол главата, пренесуваат француските медиуми.

Напаѓачот исто така повредил неколку лица во близина на црквата.

Францускиот министер за внатрешни работи Герал Дарманен изјави дека во тек е полициска акција во Ница, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, на Твитер изјави дека верува дека станува збор за терористички напад.

Градоначалникот им изјави на новинарите дека осомничениот „бесконечно повторувал Алаху акбар „(Бог е најголем)“.

Eден од убиените бил чувар на службата во базиликата. Подоцна се покажа дека верниците биле во зградата за време на нападот и дека еден сведок успеал да го вклучи алармот со посебен систем за заштита поставен од градот.

SHARE