Терорист од „Диво Насеље“ во „Шутка“ го претепал ексминистерот Јанакиески

Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во болница откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље – објавуваат повеќе извори повикувајќи се на извори во затворот според кои на Јанакиески му била скршена раката.

Освен Јанакиески, нападнат бил и Спиро Ристовски на кој исто така синоќа му беше одредена мерка притвор. И Спиро се здобил со повреди.

Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.
Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.

Извори на Лидер од Шутка, брифираат дека насилниците се фалеле дека го тепале Јанакиески за да му направат услуга на Заев.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.