Тешка битка за уште една македонска репрезентација на Европско првенство

Македонија е на прагот да добие уште една репрезентација од големите колективни спортови на континентално натпреварување.

По ракометарите и кошаркарите кои имаат вакво искуство вечерва македонските одбојкари водат тешка битка за историско учество на едно европско првенство.

Својата шанса Македонија ја доби откако предходно со поразот во Украина бeше во речиси загубена ситуација но откако во сите останати натпревари во другите групи во квалификациите завршија во наша корист одбојкарите имаат огромна шанса.

Во овие моменти Македонија игра со Унгарија против која води по првиот сет.

Доколку Македонија вечерва победи со 3:0 одбојкарите во Септември оваа година во Франција, Белгија, Словенија или Холандија ќе учествуваат на првото свое европско првенство.

SHARE

Оставете Коментар