„Има наплив на новозаразени во ГОБ „8 Септември“, односно во тријажниот центар на болницата. Ситуацијата е навистина тешка, особено поради фактот што во последните два-три дена тука се хоспитализираат 6 до 8 позитивни на Ковид-19. Загрижува фактот што заболените само по 24 часа мора да бидат ставени на респиратор, бидејќи многу брзо развиваат тромбемболија, а од тоа тешко некој може да се спаси, вели директорот д-р. Христијан Костов за Фактор.

Во моментов има 8 пациенти кои се на респиратор, а остануваат слободни уште 15 респираторни апарати. Костов вели дека оваа болест е голема енигма и дека постојано се менуваат лекарствата и терапиите.

SHARE