Тешки моменти за министерот за финансии Бесими (ВИДЕО)

Тешки моменти доживеа министерот за финансии Фатмир Бесими при учество во емисијата Топ Тема на Телма.

Иако поставените прашања беа конкретни и се однесуваа на ребалансот на буџетот кој тој го прави заедно со владата Бесими на моменти покажуваше збунетост, непознавање на работите и бараше да му се повторуваат прашањата.

За едно од предизборните верувања за кое беше запрашан тој воопшто не знаеше дека било дадено при што призна дека воопшто не е вклучено во ребалансот на буџетот.

Според коментарите на социјалните мрежи настапот на Бесими е убедливо најлошиот настап на еден министер за финасии на емисија во која се брани буџетот.

Тешките моменти на Бесими во видеото: