Тешки навреди во Собранието: Кому во СДСМ се налутил Талат Џафери?

Навредливи зборови од пратеници на СДСМ во Собранието го испровоцирале спикерот на Собранието Талат Џафери да ја прекине седницата на која што требаше да се решава за одземањето на пратеничкиот имунитет на екс спикерот Трајко Вељановски.

Вака во ДУИ го објаснуваат прекинот на седницата која што секако според деловникот мораше да запре по полноќ.

На една минута пред полноќ кога стана јасно дека Собранието вечерва во законскиот рок нема да одлучи за одземањето на мандатот на Вељановски пратеници на СДСМ со навредливи зборови се обратиле кон дел од присутните по што Џафери без размислување ја прекинал седницата.

Извори во ДУИ како најдиректен во жестоките вербални реакции го споменуваат пратеникот Мухамед Зекири кој е потпретседател на СДСМ.

Според изјави на очевидци Зекири искажал тешки зборови но во ДУИ допрва ќе анализираат дали зборовите биле упатени директно кон Џафери или како знак на револт кон тоа што целото Собрание не успеало да одлучи за мандатот на Вељановски.

SHARE

3 Коментари

  1. НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: ДАЛИ ОВА E ТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА?:

    ПЛАН НА ШИПТАРИТЕ за тивок бојкот !?

    БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, ТАКА ВО ДЕКЕМВРИ ШИПТАР БИДЕ ВО СОБРАНИЕ ИЗБРАН ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ (ПЛАН НА ДУИ???)
    1. Претседателските избори на 21 април, но со сигурен втор круг по две недели,
    2. Претседателските избори на 5. мај, меѓутоа со недоволен број избирачи под законски консензус (недостаток на 100-150 000 албански гласови),
    3. НОВИ Претседателски избори за 40 дена во почеток или околу средина на месецот јун, и пак потоа втор круг на Претседателските избори,
    4. Во јул месец, прва половина втор круг, но пак со недоволен број избирачи под консензусот (недостаток на околу 150 000 албански гласови, како и со првите избори),
    5. Во август туркање на идејата за изборот на Претседателот на државата во Собрание и припремни постапки за ова во септември кога почне за промена на Уставот која треба да трае три месеци,
    6. По три месеци и финализирање на промената на Уставот, во декември изборот на Претседателот шиптар во Собрание на Македонија.

    План на Заев за контрола на процесот, е предлог на А. Беџети или на Т. Арифи, затоа ДУИ да не направи тивок бојкот, и СДСМ да не биде „изрезилен” со саму 300 000 гласачи или под овој број.

    Проценка на СДСМ е дека опозиција, главно ВМРО-ДПМНЕ не може да добије на ниту едни избори повеќе од 350 000 гласови, но овој број е сепак повеќе од околу мизерни 300 000 гласачи што би гласале за СДСМ.
    СДСМ не смета на гласовите од Албанци те. шиптарските гласачи при процената за 300 000 гласачи. Но без тие околу 100-200 000 гласови нема Уставен цензус и работите според албанскиот план финишираат со КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ односно шиптар.

  2. На Македонија и треба претседател кој ќе помогне на патот кон ЕУ. Кој ќе помогне да се исполнат стандардите и критериумите кои владеат во развиените западни земји, за нашата Македонија да заличи на нив. Дали тој ќе биде Македонец, Албанец, Ром, Бошњак или МАРСОВЕЦ, не е важно. Најважно за нашата земја е што побрзо и поквалитетно да се направат реформи за да му се олесни животот на луѓето. Се` друго е губење на време.

    • по раскинување на преспанскиот, ке не избркат од нато. а во еу нема никогаш да стигнеме, како и турција. глупаку еден, сдс е готова.

Comments are closed.