По самитот во Луксембург, бугарскиот магазин „Капитал“ со песимистички заклучок за шансите на Македонија наскоро да почне преговори за членство со Европска унија.

„Резултатот за Северна Македонија и за Албанија е дека засега остануваат во замрзнувачот на ЕУ. Двете земји се соочија со многу услови во текот на минатата и оваа година што треба да ги исполнат, но особено во македонскиот случај, тие се многу помалку значајни од преземените чекори досега – промената на своето име на инсистирање на Грција и склучувањето договор со Бугарија, со кој се става на разгледување историјата и националниот идентитет утврдени во земјата. По ваквите напори, тешко може да се очекува дека Скопје наскоро може да ја убеди Франција дека заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Покрај тоа, самата тема за проширување ќе почне малку да бледее во Брисел. Идниот претседател на Европскиот совет, Белгиецот Шарл Мишел, ќе биде далеку помалку ентузијаст за ова прашање отколку неговиот претходник, Полјакот Доналд Туск. Бојко Борисов во четвртокот рече дека прозорецот за обете страни може да се затвори во наредните 10-15 години“, пишува бугарски „Капитал“.

Магазинот открива дека токму на инсистирање на бугарскиот премиер Борисов лидерите на ЕУ се согласиле, сепак, да спомнат дека ќе се навратат на прашањето состанокот на високо ниво ЕУ – западен Балкан во мај 2020 година.

SHARE