Тијана Дапчевиќ за српската телевизија Пинк ја сподели својата разочараност од тоа што македонското жири не ѝ даде ни еден поен на претставничката на Србија на „Евросонг“, Невена Божовиќ.

„Разочарана сум што Македонија не ѝ даде ниту еден поен на Србија. Тоа е стручно жири, тие седуммина луѓе што се одбрани од радиодифузерот. Значи, тоа не е Македонија, туку тие седуммина кои одлучуваат за судбината на гласањето на жирито од Македонија. Значи, повторно ќе кажам да не генерализираме, сега малку ја штитам својата нација, што е потполно логично и легитимно, бидејќи сешто се пишуваше на Твитер. Изгоре Твитер на таа тема, така што чувствувам потреба да кажам дека се тие седуммина што решија, што е потполно погрешно. До бесвест е погрешно тоа што Македонија не ѝ даде ниту еден поен на Србија. Но, не гласаше Македонија. Македонија гласаше за Невена и тоа како, бидејќи, реално, немаа за кого“, изјави сестрата на македонската претставничка во Тел Авив, Тамара Тодевска, во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.

SHARE