На трите најголеми и најпрестижни светски вински натпревари што неодамна се одржаа во Европа и Азија врвните вина на винарската визба „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освоија 24 медали, а со медал се закити и познатата тиквешка  „Лозова ракија VS“, пишува МКД.МК.

Најголем број награди, од кои дури шест златни, два сребрени и три бронзени медали се освоени на најголемиот вински натпревар во Кина – China Wine & Spirits 2020. На овој престижен натпревар, во конкуренција на вина од 55 земји, со златен медал се наградени: црвеното „Barovo 2017“, белото „Barovo 2019“, белото „Bela Voda 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2019“, како и розето „Mistral au Jardin 2019“ и црвеното „Terrasse à l’Ombre 2018“ од француската винарница на „Тиквеш“, „Château de Gourdon“.

повеќе

SHARE