Тимоние: До мај ќе има добри вести ако испорачаме и вие и ние


До мај Македонија може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло за преговори со ЕУ, но најпрво треба да се организираат добри избори, односно да се продолжи во континуитет добивањето на позитивните извештаи од ОБСЕ за организирањето на изборите, но исто така и избирачкиот процес да биде зајакнат.

Со тоа, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ќе се испорача добра слика за С. Македонија дека е демократска земја но исто така и дека ги исполнува сите Копенхашки критериуми.

Тимоние вели дека процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, изјави денеска во Собранието францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.


SHARE