Може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за САКАМДАКАЖАМ.МК на 15 март 2018 година, но се чини, неговото предупредување никој не го сфати сериозно.

„Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава“ изјави амбасадорот Тимоние…

Францускиот амбасадор преку 24 Вести најпрво порача дека Македонија има други реформски приоритети, Законот за јазици не е еден од нив, тој не е дел од европската агенда.

„Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици“, изјави тогаш  Кристијан Тимоние.

Во ноември 2017 година, еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, по средба со премиерот Зоран Заев предупреди:

„Важно е Владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на законите и на условите релевантни за добивање позитивна препорака.

Законот за јазици не е дел од она што е договорено во овој контекст“, изјави Хан.