Тимоние : Поради „Рекет“ позицијата на земјата е помалку цврста (ВИДЕО)

„Треба да се преземат сите потребни постапки во најкраток можен рок, да се види дека се води веродостојна истрага која не прави дистинкција за тоа колку се високи позициите на инволвираните и какви се нивните функции, и која ќе покаже дека времето на неказнивост е завршено“, изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние во интервју за „4 вести“..

Тој оценува дека позицијата на земјата сега е помалку цврста поради случувањата околу „Рекет“ и неможноста да се постигне договор за законот за ЈО.

„Времето брзо поминува и до октомври има релативно малку време за да се покаже убедливост во работата.
Потребно е власта и опозицијата да ги пронајдат насоките што водат кон едно постабилно досие за земјата за кое ќе можеме да кажеме дека иако е извесно оти владеењето на правото создава одредени проблеми, сепак, постои вистинска волја преточена во дела, е не само во намери. Таквата војла заслужува поддршка за почнување на преговорите и отворање на поглавјата 23 и 24“, вели францускиот амбасадор.

SHARE