Тимоние: Прашањето за проширување е доведенo во прашање, ЕУ ја чекаат тешки години

На прашање дали Франција ќе застане зад Македонија и дали поглавјата за преговори на Македонија со ЕУ ќе бидат почнати во јуни францускиот амбасадор Тимоние не вели дека во јуни Македонија сигурно ќе добие датум за преговори.

За разлика од владата која е уверена во датумот и почетокот на преговори со ЕУ во јуни францускиот дипломат вели дека одлуката за датумот и почеток на преговори зависи од многу фактори меѓу кои и чисти претседателски избори и добри закони.

„Ние сме на ваша страна искрено се надеваме дека ќе ги исполните условите побрзо, потребно е да има соработка со опозицијата за законите со 2/3 мнозинство, постои агенда а во неа се и претседателските избори“, вели Тимоние во интервју за НТВ односно поранешната Македонска Телевизија.

Според францускиот амабсадор треба да бидеме внимателни на претседателски избори и треба да дојде до соработка меѓу сите политички фактори. Според него опасно е да се гледаат само датумите затоа што најважна е содржината и не треба да се гледаат датумите.

Дали одлуката ќе биде донесена во јуни ќе зависи од извештајот на Европската комисија во мај а претстојат и изборите за Европарламентот, вели Тимоние кој бара Македонија да избегне поларизација на датуми. Тој не знае кога ќе се состане Европскиот совет кој ќе треба да донесе одлука за датумот за Македонија со консензус на сите земји членки.

Францускиот дипломат меѓу редови најавува дека на Македонија ќе и биде потребно уште малку време а во директна корелација со датумот за преговори со ЕУ го става успехот на претседателските избори за да се видело дека земјата ја свртила страницата за 27 април што е уште еден елемент што ќе влијае на датумот на преговори.

“Разбираме дека сакате брзо да го видете светлото на тунелот но ние кои што сме надвор од тунелот сакаме проширувањето да биде на солидни основи”, вели Тимоние кој што оценува дека прашањето за проширувањето на ЕУ е доведено во прашање затоа што во наредниве години ЕУ ќе се соочува со тешки моменти.

SHARE

1 Коментар

  1. Болен сум психијатријски. Постојано менувам мислење. не земајте озбилно што пишувам. Луд сум и имам мал пенис. Признавам кукавица сум и работам за Заев и Грција. Избегав од лудница. Утре пак се враќам во лудница. Следното што ке напишам нема да биде точно. Менувам идентитети. ДА ЖИВЕЕ МОЈОТ ШЕФ ЗАЕВ! Имам мал пенис, поради овој факт се курвам со Никола Димитров, за пари. Утре се враќам на психијатар. Ако не сменам мислење.

Оставете Коментар