Тимоние внимателен – не гарантира датум во октомври

На денешната дебата на Советот за евроинтеграции францускиот амбасадор Тимоние повтори и дека за официјален Париз приоритет е реформа на Унијата, а на земјава и порача да продолжи со реформската агенда.

И германскиот амбасадор Герберих со пофалби за досега стореното, но без гаранции дека земјава ќе го обезбеди долго посакуваниот датум за преговори на есен.

На ова одговори претседателот на советот Никола Поповски кој кажа дека земјава долго време е во чекалната на унијата, и повика реално да се согледа ситуацијата.

Извор: МКД

SHARE