Тимоние: За датум се потребни успешни избори

Амбасадорот Кристијан Тимоние убеден дека ЕУ ќе ја усвои новата методологија за прошириување до април, но што се однесува до Македонија, потсетува дека за добивање датум сега се потребни успешни избори.

„Знам дека предлогот на Комисијата треба да го добиеме до крајот на месецов. Ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кое е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни“, вели францускиот амбасадор за Утрински брифинг.

„Потребно ни се успешни избори. Прогрес во агендата. Бидејќи постои метологија, но постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, изјави францускиот амбасадор Тимоние.