Тимотеј: Шилегов нека си слави Божик на 25 декември

Портпаролот на Синодот на МПЦ, владиката Тимотеј, му порача на градоначалникот на Скопје да не се меша во црковните работи, откако Петре Шилегов побара Божик да се слави на 25 декември, „како целиот свет“, бидејќи опаѓала новогодишната атмосфера до православниот Божик на 7 јануари.

„Ако сака нека си го слави тој на 25 декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите“, кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј за ТВ Алфа.

МПЦ-ОА не размислува за менување на црковниот календар по примерот на други православни земји кои веќе ги сменија датумите на празниците.

Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25-ти декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7- ми јануари.

SHARE