Тинејџер од Флорида го „хакна“ Твитер

Тинејџер од Флорида е уапсен под обвинение дека извршил хакерски напад на сметки на познати политичари, познати личности и технолошки магули, благодарение на што заработил биткоини во вредност од повеќе од 100.000 долари, објавија американските власти.

Тој е уапсен за неодамнешниот хакерски напад на бројни сметки на Твитер и се соочува со 30 обвинувања јавува АП.

Меѓу оние, чии сметки беа пробиени, се и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, и сопствениците на „Амазон“ и „Тесла“, Џеф Безос и Елон Муск.

Од акаунтите биле објавувани твитови со повик до корисниците да ја испраќаат криптовалутата Биткоин на одредена сметка, поврзани со ветување дека износот ќе биде двојно вратен.

Неколку стотици луѓе паднаа на измамата на биткоин и испратија биткоини со вкупна вредност од повеќе од 100.000 американски долари.

SHARE