Тирана: Студенти го „нападнаа“ Министерството за образование

14 барања доставија албанскиte студенти до Министерството за образование пред кое одржаа протести кои пртеминаа во речиси отворено насилство: Студентите ги скршија прозорците на зградата и фрлаат димни бомби со порака дека „нема да преговараат“ додека не се исполнат нивните барања.  

Тие бараат укинување на Законот за високо образование, квалитетно образование за сите млади преку обезбедување на финансиска поддршка за двата студиски циклуси, рангирање на програмите според најдобрите современи модели, поголема застапеност на студентите во раководните структури на Унверзитетите, како и вистинска автономија на високообразовните институции.

Извор: Плусинфо