„Иако во суштина не кажа ништо лошо, интервјуто на Заев предизвика многу реакции, веројатно поради одредени историски непрецизности и лош избор на зборови“ оценува лидерот на НСДП, Тито Петковски за „Фокус“..

Според него интервјуто било наменето за Бугарија, со цел да направи обид Софија да попушти и да дозволи почеток на Макдонија преговори со ЕУ.

„Сепак, не верувам дека може да се направи пробив до март следната година, кога треба да се одржат парламентарните избори во Бугарија – вели Петковски според кој владата во Бугарија се потпира на нестабилно мнозинство и зависи од коалициската поддршка.