Тито не сака предвремени избори

Новата социјалдемократска партија (НСДП) на лидерот Тито Петковски, која е дел од владејачкото мнозинство, смета дека големите политички партии треба да ја прекинат праксата на предвремени избори, а да се инсистира на исполнување на целиот владин мандат.

Од НСДП оценуваат дека не треба да има избори пред следниот Самит на ЕУ во мај во Загреб, но ако веќе треба – предвремени да се одржат во јуни.

„Во овие моменти НСДП смета дека сите парламентарни партии треба да ги надминат своите тесни калкулации и својот фокус да го стават на што побрзо донесување на законско решени за СЈО, со што формалниот аргумент кој го изнесува Франција ќе биде обеспредметен. Новонастанатата надворешно политичка позиција на Северна Македонија, во контект на интеграциите кон ЕУ, наметнува и императив за формирање на некое политичко тело во кое ќе партиципираат сите парламентарни партии, независно дали се од власта и опозицијата, кое ќе биде фокусирано во наредните неколку месеци на лобирање и подигнување на нивото на билатералните политички односи помеѓу Северна Македонија и Франција“, предлага партијата како што пренесува Нова Македонија.

SHARE