Тоа што Заев “ги сакал неговите дечиња” за Верушевски е директна закана

Александар Верушевски кого Зоран Заев го обвини дека е снимателот на разговорот од 2016 година смета дека изјавата со која лидерот на СДСМ го коментира нивниот однос е закана по неговото семејство.

Заев вчера рече дека му простил на синот на разузнавачот Верушевски затоа што биле семејни пријатели и затоа што “ги сакал неговите дечиња”.

За Александар Верушевски споменувањето на неговите деца е закана за безбедноста на неговите деца. Својот став го темели на фактот што тие двајца се познавале добро.

Во другиот дел од коментар на Фејсбук Верушевски јуниор вели дека има што да му порача на Заев и дека е подготвен за евентуално насилство врз неговото семејство.

SHARE