Тодор Петров пак иницира референдум за името

Нова граѓанска иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување дополнителен референдум за името поднесе до Собранието претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Слична иницијатива на Петров беше отфрлена како неуредна пред еден месец бидејќи не била во согласност со Законот за референдум, пренесе А1.Он.

Сегашната иницијатива  е за распишување на референдум на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето: дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија“.  

SHARE