Професор Петар Тодоров, член на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања смета дека политичарите не смеат да поставување датуми до кога треба да се најде решение за Гоце Делчев, како што тоа денеска го стори бугарскиот премиер Бојко Борисов кој го спомна октомври. Како краен рок.  

„На овој свет мора само да се умре, а дали ќе донесеме решение до октомври ќе покаже времето. Најдобро е политичарите да не прават такви притисоци и да не ставаат рокови бидејќи тоа е само контрапродуктивно за самата дискусија, бидејќи во тие услови историчарите од двете страни работат под притисок дека мора да се постигне нешто и тогаш постои голем ризик да се донесат лоши и неквалитетни решенија, кои можат да бидат контрапродуктивни“, вели Тодоров за порталот 360 степени.

Тодоров вели дека доколку Гоце Делчев, една од најзначајните личности од историјата,  биде прогласен за Бугарин, Македонците ќе немаат основа зошто да го чествуваат.

Бидејќи, ако тој бил Бугарин, не гледам причина зошто ние, македонските граѓани би имале основа да го чествуваме“, вели Тодоров.

SHARE