Во бугарските учебници има многу проблематични делови во тоа како се градат претставите за соседните народи, вклучувајќи го тука и македонскиот народ,,вели историчарот Петар Тодоров, кој е член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Она што ние сметаме дека е најпроблематично е тоа што во бугарските учебници се создава една претстава дека постојат бугарски неослободени земји надвор од територијата на денешна Република Бугарија и тоа е многу проблематично кога станува збор за современата настава по историја, бидејќи на тој начин учебниците им праќаат порака на децата дека сè уште има неослободени бугарски земји кои можеби утре ќе треба да се ослободат.

Тодоров потврдува дека во тие бугарски неослободени територии спаѓа и територијата на денешна Македонија:

„Да, тука спаѓа територијата на Република Северна Македонија, но и северна Грција, југоисточна Србија, делови од Косово и од европска Турција“, вели Тодоров.

SHARE