Томор Морина нема да биде екстрадиран на Србија

Не се исполнети условите за екстрадиција на притворениот Томор Морина соопшти Кривичниот суд кој решението ќе го испрати до Врховниот суд за понатамошно одлучување.

Во меѓувреме, Морина, поранешен припадник на ОВК кој бешеe приведен од македонската полиција на граничниот премин Табановце, по потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, останува во притвор сѐ до завршувањето и на второстепената постапка.

Во соопштението од Кривичниот суд се наведува:

Во однос на повеќе новинарски прашања за Т.М. кој се наоѓа во притвор заради постапка за екстрадиција по распишана меѓународна потерница, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по  разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и  ценејќи ја  досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното  право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето во Р.Србија како баратели на екстрадицијата. Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за  меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување. Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на  обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до  правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по  предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ. 

Морина се бараво Србија поради сомневање за воени злосторства против цивили на Косово.