Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, денеска не се опојави на судењето за „ТНТ“ бидејќи немал добиено покана, информираше адвокатот Јовица Страшевски.

„На двете адреси доставени до судот нема стигнато покана. Така ми кажа неговата сопруга. И јас не добив покана, но дојдов бидејќи бев замолен од сопругата на Трајковски”, рече денеска Страшевски.

Претходните рочишта се одложуваа исто така поради Тони Трајковски, откако тврдеше дека бил нападнат на улица и завршил во болница. На судењето не дојде ниту обвинетата Елизабета Најдовска, со објаснување дека и таа не добила покана за денешната расправа.

Страшевски најави одмор, а на негово место судот му додели адвокат по службена должност на Трајковски.

На денешното судење не се појхави и еден од судиите поротници, јави Макфакс.

Поротничката Лилјана Ивановска Кочковска денеска не се појави на рочиштето за случајот “ТНТ”, бидејќи според судијата Огнен Ставрев, си поднела оставка.

„Добивме известување од поротничката дека дава неотповиклива оставка, бидејќи и истекол мандатот и поради здравствената состојба. Судењето ќе почне од почеток“, рече судијата Ставрев.

SHARE