Торнадо што го погоди градот Ел Рено во Оклахома минатата ноќ  срамни со земја еден хотел, а спасувачките екипи стравуваат дека под урнатините може да има и загинати.

Спасувачите се обидуваат да стигнат до прежиевеаните во хотелот кој бил преполн, пишува Daily Mail.

Покрај хотелот, биле унишртени уште неколку куќи и продавници.

Агенцијата АП јави дека двокатниот хотел бил уништен во торнадото, но дека засега нема извештаи за можни жртви.

Но, локални медиуми и некои од гостите во урнатиот хотел споменуваат најмалку двајца загинати.