Тортевски им фрли ракавица на Заев и пратеникот од случајот “Кокаин за Богоевски“

Адвокатот Александар Тортевски нуди решение како елегантно да се надмине проблемот на власта со скандалот околку пратеникот на СДСМ Павле Богоевски кој призна дека набавувал забрането психотропни супстанци.

За да се расчисти дилемата дали како што се тврди во аудиото објавено на социјалната мрежа ВК, Богоевски купува кокаин или масло од канабис, Тортевски сугерира пример од Словенија каде што според него словенечка министерка дала оставка откако и бил направен тест за користење на дрога.

„Се сеќавате на една ептен јака женска што беше министерка за внатрешни работи во Словенија? Е премиерот таму наложи испитување на примерок од косата на сите министри и се утврди дека е позитивна на кокаин. Си даде веднаш оставка. Сакам да кажам си има методи“, пишува Тортевски според кого ваквите обвинувања лесно можат да се негираат или да се потврдат со едноставна процедура.

Засега Богоевски не објави дали се согласува со тест за проверка на крвта или друг вид тест со кој ќе се утврди дали користел дрога.

„Еве за мене нека напишат дека консумирам кокаин, веднаш одам на на тест“, пишува Тортевски со што му фрла ракавица и на пратеникот на СДСМ но и на премирот Заев кој што е претседател на партијата чиј пратеник е Павле Богоевски.