Тортевски: Катица некого мнооогу го уценува

Адвокатот Александар Тортевски на Твитер поставува многу интересна „дијагноза“ околу непреземањето никакви мерки против шефицата на СЈО, Катица Јанева, која и покрај објавените снимки каде се случа нејзиниот глас во „договарањето“ на рекетот меѓу Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, се уште е на одмор во Грција:

„Тоа што Катица сега слободно се сунча во Калитеа, значи само едно: Некого мнооогу сериозно го уценува“

Во претходен твит денес, Тортевски препорачува:

„Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не и дозволат да влезе внатре“.