Тортевски: Снимката е доволна Катица да биде повикана на распит

Снимката објавена од италијанскиот весник Ла Веритас, претставува доволна почетна индиција за дополнителни проверки и испитувања, вели во изјава за Фокус адвокатот Александар Тортевски.

„Од кривично-правен аспект, Јанева не е компромитирана бидејќи се споменува од друго лице, меѓутоа нејзиното соменување, со оглед дека се работи за висок функционер, е доволно за дополнителни проверки во однос на содржината на разговорот. Треба да се испита како се однесувала во конкретниот предмет, дали се случиле деталите што се зборуваат, дали однесувањето било чудно и невообичаено во однос на други предмети“, вели Тортевски за Фокус.

Според него, оваа снимка е сосема доволна Јанева макар да биде повикана на распит.

SHARE