Тортевски за ,,генијалците” на Заев

Адвокатот Александар Тортевски ги исмејува премиерот Заев и Владата кои одлучија да не го сменат директорот на затворот во Шутка затоа што бил период пред избори.

“Замислете гувернерот на Народна банка за време на локални избори да го фатат како ги префрла девизните резерви на своја сметка. Според генијалциве ќе го остават прво да завршат изборите па после ќе го сменат”, напиша Тортевски откако Заев побара оставка од директорот, тој ја даде но владата реши да не го менува до изборите.

Истрагата утврди дека директорот и десетина други лица се одговорни што дозволиле претепување на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски во затворскиот двор.

SHARE