Адвокатот Александар Тортевски вели дека се идиотски најавените протоколи за угостителските објекти, особено оние кои пропишуваат на една маса да седат само луѓе од едно семејство.

„Се согласувам дека тоа е идиотска одлука, како мали Ѓокица замислува да функционира тоа“, рече Тортевски при гостувањето во дебатниоит магазин „Клик Плус“ на ТВ21.

„Инспекторите не смееле да легитимираат, ама заклучиле дека ќе им наложат на келнерите да легитимираат…

Ова е една глупост која практично се провлекува… можеме да најдеме стотици примери во оваа вонредна состојба каде што се покажува дека луѓето што одлучуваат за нашите судбини, за протоколите, немаат врска ниту со право ниту со Устав, ниту со здрава елементарна логика“  оцени Тортевски.

SHARE