Тотален колапс на системот за следење на финансиски криминал

Во највисоките политички, бизнис, медиумски и правосудни кругови со месеци се одвивал тежок криминал вреден десетици милиони евра а надлежните служби за контрола на ваков вид аномалии не реагирале.

Дали знаеле и молчеле или абер немале што се случува ќе покаже истрагата но поважно е што Македонија има целосно разнебитен систем за контрола на финансиски криминал, перење пари, уцени, рекет и други форми на организирани незаконски дејствија.

Во контролата на овој криминал формално на дневна база се вклучени стотици инспектори во повеќе институции но сите молчеле со месеци.

Во исто време случајно или не Македонија нема министер за финансии односно премиерот ги контролира државните пари.

“Верувале или не, над 1000 финансови инспектори распоредени низ МВР, УФР (Управа за финансиско разузнавање), Финансиска Полиција, УБК и истражителските центри на ОЈО, ПОЈМА си НЕМАЛЕ за РЕКЕТОТ на БОКИ. Не случај “Рекет”, ова е “Чернобил” со неконтролирана радијација која го зафатила целиот “корумпиран и нефункционален” систем”, пишува во еден од постовите на социјалните мрежи на профил чии анализи најчесто се покажуваат точни.

SHARE