Четири лица загинаа од експлозија на гас утрово во центарот на Париз, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Кристофер Кастанер.

Најмалку 36 лица беа повредени, додека 12 од нив се во критична состојба од труење од со гас.

„Дванаесет луѓе се во критична состојба, меѓу кои и тројца пожарникари“, изјави Ерик Мулен од париската противпожарна  служба.

Силната експлозија предизвика пожар на неколку спрата од зградата каде што беше сместена пекарница.

SHARE

Оставете Коментар