Трагедија во Скопје, загина легендарен македонски спортист

Во засега неразјаснети околности вечерва во Скопје загина легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски Буштур.

Според неофицијални информации на 24инфо несреќата се случила во Кисела Вода, кај сервис „Скендеровски“.

Засега нема детали за сообраќајката. Георгиевски починал на самото место на несреќата.

Буштур освоил два сребрени медали со репрезентацијата на Југославија, една на олимпијадата во 1976 и една на европското првенство во 1971.

SHARE